Компанијата „Свод Мастер“ која стои зад платформата „Глеј“ го објави проспектот за иницијалната понуда на акции

Компанијата Свод Мастер ДОО Скопје која стои зад стриминг платформата „Глеј“ преку Македонската берза го објави проспектот за иницијалната понуда на акции.

Според проспектот компанијата ќе се обиде да собере 120 милиони денари или 1,95 милиони евра.

Бројот на акциите што се запишуваат е 200.000, а продажната цена на една акција е 600 денари.

Иницијален датум на запишување е 25. јуни, а последен датум за запишување е 25. август.

Јавната понуда како што информираат од таму, ќе биде преку модел на минимална цена со примена на принципот на приоритет на налози со повисока цена и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести