Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана, информира Центарот за управување со кризи.

„Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен.

Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање.

Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Струмица, Тетово и Куманово нема пријави за нарушување на редовната состојба и нема излевања на реките. Сите региони се во стабилна состојба,“ се вели во соопштението.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести