Советот на Град Скопје од кого зависи како ќе функционира градот го доби својот нов состав.
Најмногу советници има владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 18.
По шест советници добија опозициската Левица, владејачката коалиција Вреди и опозициската ДУИ и коалицијата. Опозициската СДСМ пак има само пет советници.
По еден советник добија коалицијата „Искуство за успех“, владејачката ЗНАМ и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“.
Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери ЗНАМ и Вреди има мнозинство од 25 советници.
И во претходниот состав ВМРО-ДПМНЕ имаше 18 советници, СДСМ имаше 12, ДУИ – пет, Левица четири, а по две имаа Алијанса за Албанците и Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и „Зелен хуман град“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кои скопски општини ќе има втор круг