Повторно е спасен статусот на најпозната туристичка дестинација во Македонија – Охрид.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО вчера одлучи да се одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и природни наследства во опасност.
Со тоа Македонија и Албанија добија уште една шанса, до февруари следната година, да ги исполнат препораките на УНЕСКО.
Фото: Игор Бансколиев