Светски познатиот српски актер, Милош Биковиќ, кој неодамна имаше и средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, сакал да го купи детското одморалиште „Малешево“, вели новизбраниот градоначалник на Општината, Петар Ружински, за Радио Слободна Европа.
Ружински за РСЕ вели дека за продажба на одморалиштето ќе има оглас, на кој ќе се лицитира и дека неможе да каже кој ќе го купи.
„Тука не може да има ништо договорено. Процесот секако треба прво да оди на тендерска постапка после изборите. Ќе се распише оглас, ќе се лицитира. Кој ќе го добие – ќе видиме. Постои предвидена законска постапка која треба да се следи. Оставаме на министерството и на Владата да го водат процесот„ вели тој.
Мицкоски пак во септември по средбата информираше дека Биковиќ бил заинтересиран за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово.
Биковиќ, има семејни корени од Берово, а исто така е и руски државјанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познатиот српски актер Милош Биковиќ сака да инвестира во Берово, од каде потекнува
Фото: Фејсбук/Ружински














