Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска ја најави кандидатурата за петти мандат за оваа позиција.
Одлуката, како што истакна, ја донел по долготрајни консултации со граѓаните и по внимателно следење на јавното мислење.
„Карпош е десет до петнаесет години пред било која општина во Македонија. Имаме модерна инфраструктура, реновирани училишта и градинки, подобрени услови за образование и спорт, како и подготвена администрација која стои зад секој реализиран проект,“ додаде Јакимовски.
Во однос на следните предизвици, ги исткна проблемот со паркирањето и одржувањето на хигиената и зеленилото. За инвестициите во училиштата, рече дека ќе се унапредуваат со нови системи за греење и ладење, топлотни пумпи и батерии за складирање струја, што дополнително ќе ги намали трошоците.
„Ќе се зголемат стимулациите за реновирање на кровови и лифтови, ќе се продолжи со субвенциите за полагање возачки испити за средношколци, а проектите ќе се прошират со покривање на дополнителни трошоци,“ додаде тој.
Фото: Јакимовски/Фејсбук














