Вчера преку блок-трансакција на Македонската берза беа продадени 7.206 акции на Стопанска банка АД Битола, која како што веќе пишуваше еМагазин е во фокусот на јавноста поради намерата за нејзино преземање од страна на српската Алта Банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Алта Банка
Акциите, како што информираа од Берзата, се купени по цена од 4.050 денари или вкупно целата трансакција изнесувала 29.184.300 денари (475 илјади евра).
Купувачот со тоа си обезбедил 1,84% од вкупниот број на акции на Банката.
Номиналната вредност на акцијата на Банката е 3.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Стопанска Банка Битола во првото полугодие
Александра Радевска реизбрана за претседател на УО на Стопанска банка Битола
Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола