Стопанска банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 2.022.904 илјади денари, што е за 2% повеќе споредено со истиот период од претходната година, информираа од Банката преку Македонската берза.
Во истиот период Банката издвоила исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 555.830 илјади денари, помала за 27% во однос на минатата година, пред сè како резултат на квалитетот на кредитното портфолио и помалата потреба за резервации, успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик, посочуваат од таму.
-Нето-приходите од камати изнесуваат 2.908.376 илјади денари и се намалени за 6% во однос на истиот период од минатата година како резултат на намалените каматни стапки, но се поголеми од буџетираните за 1%.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 399.637 илјади денари и се намалени за 7% во однос на анализираниот период во 2024 година, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси и истовремено намалување на провизиите кај одредени сервиси во интерес на клиентите.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 102.145 илјади денари и се зголемени за 30% во однос на анализираниот период од минатата година како резултат на зголемениот обем на активности, велат од таму.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 471.802 илјади денари.
Останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 534.242 илјади денари и 647.608 илјади денари респективно и се за 10% повисоки во однос на истиот период од претходната година, посочуваат од таму.
На крајот на првото полугодие од 2025 година, Банката издвоила исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 555.830 илјади денари.
-Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 2.578.734 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 30.06.2025 година изнесува 2.022.904 илјади денари и е за 2% повисока во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитра Доима именувана за член на НО на Стопанска банка Скопје
Мирјана Трајановска именувана за член на УО на Стопанска банка Скопје
Бојан Стојаноски не е повеќе член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје