Колкава дивиденда ќе дели Стопанска банка Скопје

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, информираа од таму преку Македонската берза.

Вкупната сума за исплата на дивиденда за обичните акции е 3.998.381.220 денари или 65 милиони евра, а висината на дивидендата по обична акција е 229 денари.

За исплата на дивиденда за приоритетните акции вкупната сума е 1.364.664 денари, или над 22 илјади евра, а висината на дивидендата по приоритетна акција е 6 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести