Струмички Неметали Огражден со зголемена добивка во првите девет месеци

Неметали Огражден АД Струмица во првите девет месеци од годината остварил добивка од 4.621 илјади денари, која е поголема од таа остварена лани во истиот период кога била 3.973 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Оперативните приходи на Друштвото споредено со лани бележат пад од 2%, а оперативните расходи намалување за 1%.

Приходите на Друштвото на домашниот пазар бележат раст од 5%, а на странските пазари раст од 12%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неметали Огражден откупи сопствени акции

Аристид Маџунков нема повеќе акции во Неметали Огражден, кои се новите акционери?

Фото: Унсплеш

           

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести