Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов доби 30 дена притвор

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој беше уапсен вчера, од Основниот кривичен суд Скопје доби 30-дневен притвор, поради опасност од бегство, интервенирање врз сведоци и потенцијал да го повтори кривичното дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен струмичкиот бизисмен Ристо Крмзов

Тој е префрлен во истражниот затвор „Скопје“.

Од претходно за него имаше мерки на претпазливост, односно му беше одземен пасошот.

Тој е осомничен за „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, а според Министерството за внатрешни работи, заедно со уште 22 физички и 15 правни лица е осомничен дека направил штета на државниот буџет од 94,3 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмзов, 22 физички и 15 правни лица предизвикале штета на буџетот од 94,3 милиони евра: Детали од МВР

МВР потврди дека е уапсен Ристо Крмзов за кого има предистрага од лани

Фото: КОД/Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести