Студентите од денеска електронски може да аплицираат за сместување во студентските домови

Министерството за образование и наука информираше дека од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година.

Пријавувањето ќе трае до 31. јули.

Бруцошите ќе имаат можност за аплицирање откако ќе завршат уписите на факултетите, во периодот од 10 до 17. септември.

Апликациите се поднесуваат преку интернет, на веб-страницата e-uslugi.mon.gov.mk, каде што студентите треба да прикачат потребни документи. Секој кандидат има право да конкурира само за еден студентски дом.

Поради тековната реконструкција, студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје моментално остануваат затворени, но се очекува да бидат отворени за сместување од вториот семестар.

Фото: Студентски дом „Гоце Делчев“/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести