Судскиот совет синоќа одлучи да му го одземе имунитетот на судијата Ѓоко Ристов од Апелацискиот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино во ѕид беа најдени 350 илјади евра.
За одлуката „за„ гласаа 10 присутни членови на седницата на Советот.
По тоа на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука тој да оди во куќен притвор и му го одзеде пасошот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
350. илјади евра не биле на Ристов, туку нивни, тврдат родителите на судијата
Ристов се товари за две кривични дела: Перење пари и други приноси и Противправно стекнување и прикривање имот.
Не е познато каде ќе биде во притвор, во Скопје или Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид














