Поранешната министерка за одбрана од опозициската СДСМ, Славјанка Петровска изгуби судски спор во кој беше тужена од лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
Информацијата на Фејсбук вчера ја соопшти Мицкоски, кој ја објави и правосилната пресуда на Граѓанскиот суд Скопје, во која стои дека Петровска јавно ширела лаги и клевети против него.

Таа ќе мора јавно да му се извини.
Тужбата следеше откако Петровска, на Фејсбук, лани го обвини Мицкоски дека стои позади и одобрува мафијашки престрелки.
Засега нема извинување, ниту реакција од Петровска, која сега е пратеничка.
Фото: Петровска/Фејсбук