Свештеникот Димитар Арсовски од Кочани, излезе со важен апел за претстојната Задушница, која се совпаѓа со Св. Трифун во сабота.
„Бидејќи оваа година Задушница се паѓа заедно со споменот на свети Трифун, помеѓу народот кружи еден муабет дека не се оди на Задушница, бидејќи како што велат се слави свети Трифун и наводно ќе се „трупале” мртви, па превентивно нема да се почитува споменот за упокоените.
Христијанството не е предмет на шпекулации, суеверија и игра на зборови кои немаат апсолутна врска со начинот на кој треба да се однесува секој христијанин. Православието е начин на живот и непосреден личен однос со Бога и нема простор за нелогични измислици кои се косат со здравиот разум и се смешни сами по себе.
Доколку ги сакате, почитувате и имате вистинска љубов кон упокоените единствениот начин да го покажеме тоа на дело е молитвата за нив.
Свештенството ќе излезе на вечните почивалишта во петок во 14.00 и сабота од 07.00 часот,“ напиша Арсовски на Фејсбук.
Фото: Унсплеш














