
Насилно отворен и испразнет банкомат во мол во Скопје
На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат, информираа од МВР. Лицата одзеле пари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



















