
(Видео) Едниот е осомничен за убиство на припадник на АРМ: Во Драч уапсени двајца криминалци од „Беланоца“
Во Драч, Албанија се уапсени двајца припадници на криминалната група од Македонија, позната како „Беланоца“. Како што потврдија од македонското Министерство за внатрешни работи, уапсени се М. Џ. (26) од Скопје и С. Н. (34), роден во Норвешка. Телевизијата Телма објавија дека се работи за Муса Џавит и Сенафи Нуредини.



















