
„Chat GPT и Македонците“ тргнува на турнеја: Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест
Стендап-комичарот Бојан Велевски денеска ја најави својата нова турнеја „Chat GPT и Македонците“, која стартува на 27. септември во Тетово, ќе помине низ единаесет градови низ Македонија, а големото финале е закажано за 17. ноември во Скопје. Во фокусот на новото шоу е една од најактуелните теми денес: вештачката интелигенција.


















