Кривична за градоначалникот на Струга, Менди Ќура

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга поднело кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура (66) од струшкото село Биџево.

Кривичната ја заработи поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

-Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор.

Тоа го направил иако знаел дека ново назначеното лице нецелосно ги исполнува условите пропишани во член 118 од Законот за основно образование.

Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од  Државниот просветен инспекторат, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Менди Ќура, градоначалник на Струга, кој заработи кривична

Каков имот пријавил Менди Ќура, градоначалникот на Струга, кој заработи кривична

Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.



  • Најчитани вести



  • Најчитани вести