
Договор од 1,8 милион евра склучи ЕСМ со “Челичен лив и гранулат Железник“
Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје, склучи договор за ревитализација на средни делови за транспорт комплет со расечени чаури за багер Срс 1300 и Багер СРс 2000 (РЕК Битола), со „Челичен лив и гранулат Железник“ АД Сопотница, Демир Хисар. Договорот е во вредност од 116.230.000 денари или 1.889.919 евра.




















