
Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км на HalkEco Skopje Run 10K: Скопје повторно трчаше во еден ритам
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во



















