
(Фото) Реконструирани шест операциони сали на хируршките клиники
Комплетно се реконструирани шест операциони сали на хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Две од нив се на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ (Оддел трауматологија), две на Клиниката за урологија, а две на Клиниката за детска хирургија.




















