
Ислам Абази нема да се кандидира за втор мандат за шеф на ОЈО ГОКК
Актуелниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат на позицијата. Неговиот мандат завршува на 8. ноември, а процедурата за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК е веќе започната.




















