
Маж загина во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод
Маж на возраст од 75 години загинал вчера во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод. Станува збор за А.С. од кичевското село Преглово, а како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево, тој починал на лице место. Во сообраќајката учествувале патничко возило



















