Маж загина во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Маж на возраст од 75 години загинал вчера во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.

Станува збор за А.С. од кичевското село Преглово, а како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево, тој починал на лице место.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „мазда“ управувано од Д.С. (75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од починатиот.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на „маздата“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците од „хјундаито“, 15-годишен малолетник од Преглово, и А.А. (21) од кичевското село Пласница, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести