
Македонија отвара амбасада во Литванија
Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донела одлука за отворање Амбасада на Македонија во Литванија, со седиште во главниот град на земјата, Вилнус, информираа денеска од Министерство. Oттаму наведуваат дека воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог





















