Македонија отвара амбасада во Литванија

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донела одлука за отворање Амбасада на Македонија во Литванија, со седиште во главниот град на земјата, Вилнус, информираа денеска од Министерство.

Oттаму наведуваат дека воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со оваа, како што велат од Министерството, пријателска земја.  

„Амбасадата во Вилнус ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес“, велат од таму.

Од Министерството велат дека Литванија е една од најактивните членки на Европската унија (ЕУ) и на НАТО во доменот на безбедносните и политиката на проширување на Унијата. Оттаму посочуваат дека, исто така, станува збор за држава која континуирано го поддржува процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

„Блиските, искрени и партнерски односи меѓу двете земји се потврдуваат и преку одлуката на литванската страна, во ноември 2023 година, да отвори Канцеларија во Скопје“, велат од таму.

Со ова одлука, како што информираат оттаму, Амбасадата на Македонија во Варшава повеќе нема да биде надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Литвaнија на нерезидентна основа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести