Од државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во чии склоп работи ТЕЦ Неготино денеска информираа дека откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донесе одлука да ја прекина истагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, во друштвото бил формиран стручен правен тим кој работел на подготовка на приговор за одлуката до Вишо јавно обвинителство Скопје и барање за контрола до Републичкото јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Министерството за внатрешни работи (МВР) во случајот имаше сомнеж за криминал од 167,5 милиони евра.
Од таму велат дека во приговорот ќе потенцираат дека постапувачката обвинителка од ОЈО ГОКК, Катерина Коларевиќ, паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава на МВР и дека неосновано ги искривила исказите на инженерите пратени на барање на Обвинителството за да ги образложат од технички аспект механизмите на спроведување на спорната набавка, како изговор за прекин на постапката.
-Во овој контекст, јасно укажуваме дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета.
Нивната улога согласно барањето на обвинителката – била единствено да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и реализацијата на планот за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видно од наредбата за запирање на истражната постапка, на овластените технички лица од ЕСМ, иако некомпететни во економската област – не им било предочено ниту биле запознаени со вештиот наод и мислење во економската област, иако истиот бил составен пред распитот, посочуваат од таму.
-На вкрстени прашања од правните застапници на осомничените за време на распитот, техничките лица на ЕСМ само констатирале дека вкупните количини на произведена електрична енергија заклучно со април 2023 година – одговарала на потрошената количина мазут во ТЕЦ Неготино и во тој поглед техничките лица само констатирале дека не била нанесена штета врз планот за производство, без да се елаборира дали потрошената количина била согласно тендерските услови и договорот.
Токму тие технички искази сега се злоупотребуваат за спинување и правдање на обвинителката дека наводно, наредбата за запирање на постапката била резултат на изјавата од ЕСМ, дека немало настаната материјална штета.
Со тоа всушност, обвинителството го потврдува вештиот наод и мислење од економско-финансиска област, поклонувајќи верба на искази на некомпетентни лица во областа, наместо вештиот наод и мислење да го достави до ЕСМ како оштетена страна за да може компанијата преку своите компетентни лица во областа – да се произнесе по истиот.
ЕСМ, како директно оштетена страна, во ниту еден момент не беше повикана од ОЈО ГОКК официјално да се произнесе врз основа на своите прецизни финансиски анализи, за реалната штета поради која и беше почната постапката.
Напротив, направена е суштествена повредена на постапката, бидејќи вештите наоди и мислења никогаш во текот на постапката не биле доставени до АД ЕСМ од страна на Обвинителството, туку биле доставени дури по запирање на постапката, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














