Која е обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), предводено од Ислам Абази, е во фокусот на јавноста и на социјалните мрежи, откако ја запре истрагата за случајот за набавка на мазут за потребите на државната ТЕЦ Неготино, во кој според Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше сомнеж за криминал од над 167,5 милиони евра.

Предметната јавна обвинителка која донесе наредба за запирање на истрагата е Катерина Коларевиќ.

Од Обвинителството по една година истрага утврдиле дека осомничените не ги исполниле кривичните дела за кои беа осомничени, а истата и не утврдила постоење на друго кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запрена истрагата за Капушевски и газдата на „Пуцко петрол“, немало докази за криминал во набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Со истрагата беа опфатени 13 лица. Меѓу нив беа и сопствениците на фирмата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, како и поранешните директори на ЕСМ, Васко Ковачевски и Адријан Муча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Која е Коларевиќ

За Коларевиќ постојат многу малку официјални податоци.

Во ОЈО ГОКК работи на предмети поврзани со висока корупција и организиран криминал.

Таму е од јули минатата година, откако беше избрана од страна на Советот на јавни обвинители.

Претходно работела во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

На кои предмети работела

На јавноста и е позната по предметот против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој беше обвинет дека склучил договори со две консалтинг фирми без спроведена јавна набавка, што довело до штета за буџетот од околу 1,5 милиони евра.

Таа исто така го водеше предметот поврзан со станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде се истражуваа сомнежи за систематски издавање на потврди за техничка исправност на возила без реална проверка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој доби времен пасош

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

Договор од 1,9 милион евра склучи МВР со „Пуцко петрол“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести