Решена е дилемата дали во скопската населба Козле пред неколку дена шетал волк или куче.
Информацијата предизвика претерано внимание кај медиумите, а од скопската Зоолошка градина ја решија дилемата по “детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти“ – животното било волк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Волк или куче шеташе по Козле
Волкот како што информираа од таму бил млад и неухранет – тежел околу 25 килограми и бил недоволно развиен за својата возраст.
Му била земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања.
Не бил чипиран, а во Зоолшката се појавиле и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, (за кое во дел од медиумите и на социјалните медиуми се шпекулираше дека е всушност заловеното животно во Козле), по кое трагале два месеци.
Тие се увериле дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдиле.

Дека станува збор за волк се увериле и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Дополнително биле контактирани и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење, велат од Зоолошка.
Останува нејасно и непознато кој волкот го чувал како домашно милениче, што е забрането.
Фото: ЗОО Скопје














