(Видео) Волк или куче шеташе по Козле

Главна вест утринава е дека синоќа во скопската населба Козле шетал волк, кој бил домашен миленик.

Информацијата предизвика и дебата на социјалните мрежи, а дали станува збор за волк, мелез или куче од сортата чехословачки волчјак ќе утврдуваат во скопската Зоолошка градина, каде моментално се наоѓа животното.

Истото беше заловено од нивни вработен, а моментално е во карантин и ќе биде под здравствен надзор.

Чувањето диви животни како домашни миленици е забрането.

Фото: Град Скопје/видео: Инфомакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести