Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, се огласи на Фејсбук за информацијата дека на 7. мај бил на распит во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, неофицијално, за случај во кој бил осомничен за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил на разговор за полиција
Тој вели дека станува збор за „монтиран случај“.
-Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања, пишува тој меѓу друго.
Засега нема официјални информации зошто Николовски бил во полиција, освен потврда од Министерството за внатрешни работи, дека бил.
Дел од медумите објавија дека наводно го пријавиле земјоделци, а тој пак во својот исказ посочил оти постапувал согласно владина уредба со која му било дадено дискреционо право да одлучува на кои земјоделци можат да им се доделат парите од програма на Министерството.
Фото: Николовски/Фејсбук














