Од Алта банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека со одлука на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност на Извршниот одбор на Народната банка од 8. мај, Стефан Николиќ е именуван за член на Управниот одбор (УО) на Банката.
Тој ќе има мандат од една година.
Во УО на Банката се и Зарије Коралијa и Александра Радевска, која е претседателка на УО.
Со тоа како што велат од Банката составот на УО е комплетиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српска Алта банка купи нови акции на Алта банка Битола
Како работела лани Алта банка Битола
Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор














