Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор

Од Алта банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека добиле решенија од Извршниот одбор на Народната банка за назначување на нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Банката, за кои неодамна беше донесена одлука од страна на Собранието на акционери на Банката.

Во НО член стана Давор Мацура, кој е дипломиран економист, и е сопственик на Алта груп ДОО Белград, Србија и индиректен краен сопственик на Алта банка АД Белград – новиот соственик на Алта банка Битола (поранешна Стопанска банка Битола).

Нов член е и Уна Сикимиќ, дипломиран економист, која е претседател на Управниот одбор (УО) на Алта банка Белград, Татјана Куљак, дипломиран економист, исто така член на УО на Алта банка Белград, Вељко М. Мијушковиќ, дипломиран економист и професор на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, кој е именуван за независен член и Горан Коевски, професор на Правниот факултет „Jустинијан Први“ при Универзитет „Св. Kирил и Методиј“ во Скопје, исто така именуван за независен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зарије Коралија именуван за член на УО на Алта банка Битола

Тие ќе имаат мандат од четири години.

Членови на НО на Банката повеќе не се Гордана Гацева, која беше претседател и независен член на НО, Борислав Атанасовски, член, Стевчо Јолаковски, член, Игор Камбовски, член и Антони Пешев, кој беше независен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Давор Мацура, кој е краен сопственик на Алта банка Белград, која е сопственик на Алта банка Битола

Како работела лани Алта банка Битола

Државата веќе нема акции во Алта банка Битола, продадени акциите на Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести