МАСИТ и Ragusa Group: Нови стандарди за вмрежување и бенефити во ИКТ секторот

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, во соработка со својот нов патрон партнер RAGUSA Group, го официјализираше своето стратешко партнерство преку бизнис настанот „Connect & Taste”. Настанот, кој се одржа во уникатниот амбиент на ресторанот PARK by RAGUSA, ги собра лидерите на ИКТ заедницата со цел вмрежување, размена на идеи и креирање нови деловни можности.

Ова партнерство претставува значаен чекор во зајакнувањето на ИКТ екосистемот, нудејќи им на компаниите-членки не само простор за професионално дружење, туку и конкретна додадена вредност преку специјално дизајнирана програма на бенефити.

„Ни претставува особена чест што го одбележуваме почетокот на ова стратешко партнерство со МАСИТ. Веруваме дека оваа соработка ќе донесе нови можности и вистинска додадена вредност за компаниите членки. Како патрон партнер, за заедницата на МАСИТ подготвивме специјална програма со ексклузивни бенефити која ќе биде достапна во сите наши локации – PARK by RAGUSA, RAGUSA 360, Ragusa 919 и Kinder PARK. Нашата цел е да понудиме врвно искуство и поддршка како за компаниите, така и за сите нивни вработени, поставувајќи нови стандарди во корпоративното дружење,“ изјави Ирена Голомеиќ, менаџер на ресторан PARK by RAGUSA, потенцирајќи дека оваа соработка е одговор на потребите на современиот бизнис сектор.

Специјални поволности за ИКТ компаниите и нивните вработени

Клучниот фокус на партнерството е воспоставување на систем на привилегии кој ќе важи за сите компании членки на МАСИТ, кои заедно бројат над 14.000 професионалци.

Програмата опфаќа корпоративни бенефити кои вклучуваат повластени услови за организација на конференции, деловни настани и „teambuilding” активности како и индивидуални бенефити, односно специјални предности за сите вработени во ИКТ секторот, со што се поттикнува задоволството и корпоративната култура во рамките на заедницата.

Бенефитите се применливи во целото портфолио на Ragusa Group, кое вклучува локации со различна намена, од престижниот PARK by Ragusa и панорамскиот RAGUSA 360, до автентичниот Ragusa 919 и семејниот Kinder PARK.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести