
МАСИТ и Ragusa Group: Нови стандарди за вмрежување и бенефити во ИКТ секторот
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, во соработка со својот нов патрон партнер RAGUSA Group, го официјализираше своето стратешко партнерство преку бизнис настанот „Connect & Taste”. Настанот, кој се одржа во уникатниот амбиент на ресторанот PARK by RAGUSA, ги собра лидерите на ИКТ заедницата со цел вмрежување, размена на идеи и креирање нови деловни можности.



















