Албанскиот бизнисмен Самир Мане сака да реактивира езерото ‘Треска’ во Скопје.
Информацијата за која извесно време се шпекулираше во јавноста за емисијата „Дијалог на Лајми“ ја потврди градоначалникот на Општина Сарај, Мухамед Елмази, каде се наоѓа езерото кое со години не работи.
Според Елмази, Мане бил еден од главните претенденти кои сакаат да инвестираат во оживување на езерото.
Тој информираше и за состанок со тим на Мане, а на кој биле присутни и премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
На состанокот од тимот на албанскиот бизнисмен било презентирано за колку години може да се изгради езерото ‘Треска’ и за колку години може да се стави во функција.
Станувало збор за инвестиција од 100 милиони евра, а како што вели Елмази, во тек биле административните постапки за усогласување на идејата со законските процедури.
Фото: Фејсбук/Мане














