
На етикета едно, во производот друго: Кај млечни производи утврден помал процент на масти од декларираното
Од 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори утврдено е дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно, со тестирањата констатирано е дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство




















