Освен фудбалска возбуда за бројните фанови низ светот, вчерва за првпат на финалето во Светското првенство во фудбал ќе има музичко шоу и на полувремето од мечот помеѓу актуелниот првак Аргентина и Шпанија.
На стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, САД, пред стартот на мечот како дел од церемонијата за затворање, ќе настапат Лаура Паузини, Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, Пост Малоун, АјШоуСпид, а Џенифер Хадсон ќе ја изведе американската химна.
Ќе се појави и Том Круз, како и ликовите од „Улицата Сезам“ и „Мапетите“.
На полувремето пак ќе настапат Мадона, Шакира, Џастин Бибер, БТС, Бурна Бој, како и Coldplay заедно со хорот PS22.
Водител на истото е фротменот на Coldplay, Крис Мартин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Англија го освои третото место на Светското првенство во фудбал, денеска финалето
Фото: Унсплеш














