
Машки труп пронајден во реката Пчиња кај Катлановска Бања
Тело на маж било пронајдено вчера во реката Пчиња кај Катлановска Бања. Засега нема информации за неговиот идентитет. Телото е дадено на обдукција во судска медицина, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје се преземаат мерки за утврдување на неговиот идентитет и расчистување на случајот. Фото:



















