
„Пулс“ нелегално бил пренаменет од индустриски објект во дискотека, Општината не реагирала, а требало
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, градежни вештаци од Градежниот факултет, сведоци на Основното јавно обвинителство, меѓу друго посочија дека „Пулс“ била нелегално пренаменета од индустриски објект во дискотека, информација што беше позната уште пред да стартува судењето, а беше спомната и во текот на судењето.



















