
33-годишен стружанец уапсен во Србија под сомнение дека усмртил пешак и побегнал
Маж на возраст од 33 години од Струга е уапсен во Србија под сомнение дека вчера на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица, прегазил пешак, кој починал на лице место, по што, како што пренесуваат српските медиуми, побегнал. Станува збор за Н.К. (33), кој го усмртил пешакот Г.П.




















