Маж на возраст од 33 години од Струга е уапсен во Србија под сомнение дека вчера на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица, прегазил пешак, кој починал на лице место, по што, како што пренесуваат српските медиуми, побегнал.
Станува збор за Н.К. (33), кој го усмртил пешакот Г.П. (57) од Грделица со камион „волво“.
Локалните медиуми пренесуваат дека тој бил уапсен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац во близина на Сремска Митровица, 320 километри подалеку од местото на несреќата.
Фото: Унсплеш














