
Новиот закон за заштита од пушење мора да се усогласи со важечката регулатива од областа на тутунот, вели професорот Златко Арсов
Нејасни и непрецизни дефиниции на терминот пушење и тутунски производи кои директно се косат со други важечки закони, целосни забрани за супстанции за кои науката докажала дека не се штетни, неправедно изедначување на сите производи кои содржат никотин, се само дел од пропустите во новата верзија на предлог-законот за заштита




















