Кој е Седат Сулејмани, новиот министер за култура и туризам

Седат Сулејмани е новиот министер за култура и туризам.

Тој ја презеде функцијата од Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

Сулејмани е кадар на Вредеи, а пред да дојде на оваа функција беше заменик-министер во овој ресор.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

Кој е Сулејмани

Роден е во Тетово во 1975 година.

Дипломирал на Универзитетот Улудаг-Бурса во Турција.

Завршил постдипломски студии на Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово на Факултетот за општествени науки.

Професионална и политичка кариера

Извесно време работел и во приватниот сектор.

Бил уредник на едукативната радио програма на Радио Канал Б, а е и основач на невладината организација за култура, образование и уметност „Калкан“, како и на невладината за култура, образование и уметност „Призма“.

Заменик министер за култура за првпат станал во 2020 година и оваа функција ја извршувал до 2021 година.

Од 2023 до 2024 година бил советник за стручна административна поддршка на општинскиот инспекторат во Општина Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сашо Клековски, новиот министер за здравство

Кој е Борче Серафимовски, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Кој е Јетон Шасивари, новиот министер за правда

Фото: МКТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести