Во среда значителен пад на температурата

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во вторник се очекува дестабилизација на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во среда пак ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе се намалат за неколку степени.

Времето во Македонија и утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе достигне до 39 степени.

Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а максималната од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 21 до 39 степени.

Сончево и многу топло време ќе има до понеделник, при што дневната температура тогаш насекаде ќе биде над 33 степени.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести