
Исчезнат овчар од Форино пронајден починат
Утринава во атарот на селото Врапчиште бил пронајден починат А.И. (63) од селото Форино. Тој од страна на неговото пошироко семејство вчера бил пријавен за исчезнат во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар. Починатиот работел како овчар на бачило во атарот на Врапчиште. Фото: Унсплеш
























