Кој е Исен Шабани, градоначалникот на Врапчиште, кој заработи кривична од Финаниската полиција

Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, е во фокусот откако од страна на Управата за финаниска полиција заработи кривична пријава.

Истата е доставена до Основното јавно обвинителство Гостивар.

Според Финансиската полиција тој без да дочека избор на најповолна понуда на тендер за асфалтирање на локален пат, ги дал предвидените околу 193.000 евра на фирма за која што тој сметал дека треба да добие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Исен Шабани, градоначалникот на Врапчиште, за злоупотреба на службена положба и овластување

Тој е осомничен за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

Шабани во изјава за телевизијата Телма тврди дека нема сторено кривично дело и се повикува на член 167, став 6 и 7 од Законот за јавни набавки.

Кој е Шабани

Роден е на 2. јануари 1987 година во селото Градец.

Дипломирал на Економски факултет при Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.

Работно искуство и политичка кариера

Во неговата официјална биографија стои дека пред да стане политичар, управувал со неколку свои приватни бизниси, но нема податоци какви и каде.

Во август 2017 година е именуван за вршител на должноста директор на Државниот пазарен инспекторат.

На локалните избори 2017 година како кандидат на Алијансатa за Албанците, за првпат е избран за градоначалник на Општина Врапчиште.

Моментално е на оваа функција по третпат.

Приватно

Тој е оженет и е татко на две деца.

Фото: Општина Врапчиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести