1.822 вработени во јавните здравствени установи за 2,1 милиони евра ги тужат своите работодавачи

Дури 1.822 вработени во јавните здравствени установи заклучно со декември лани, ги тужат своите работодавачи.

Информацијата денеска ја соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.

Вкупниот износ на тужбените барања изнесува 134,6 милиони денари или околу 2,18 милиони евра.

Тужби има од вработени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, а најчестата причина за тужбите е неисплатата на додатоци на плата – за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во недела и за празници, како и бонуси и јубилејни награди.

Највисок поединечен износ на тужбени барања има од Клиничката болница во Битола – 16,8 милиони денари, а Општата болница во Куманово има најголем број тужители – 317 вработени.

Трендот на нови тужби продолжува и годинава. Само Здравствениот дом во Кратово најавил околу 65 нови тужители, кои бараат над 3,5 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку изнесува просечната нето-плата во јавните здравствени установи

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести