Македонија од следната година се враќа на Евровизија

Македонија од следната година се враќа на Евровизија, која ќе се одржи во Бугарија.

Земјава не учествуваше на натпреварот четири години, а информацијата ја соопшти новиот директор на МРТ, Зоран Ристоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Ристоски е нов директор на МРТ

Тој меѓу друго информираше дека имал средби со претставници од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и дека очекува МРТ да добие поповолен пакет за враќање на натпреварот.

Како официјална причина за неучеството на Евровизија досега беа немањето пари.

Македонија последен пат настапи на Евровизија во 2022 година.

Најдобар пласман досега имала Тамара Тодевска, која во 2019 со песната „Горда“, го освои седмото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарија за првпат победи на Евровизија: Како звучи победничката песна „Бангаранга“

Ќе ја бојкотирате ли Евровизија, која почнува денеска?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести